32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Вицешампионот на Копа Либертародес отпушти двајца фудбалери поради наводно местење на натпревари

Голем скандал го тресе бразилскиот фудбал, откако екипата на Атлетико Параненсе отпушти двајца фудбалери поради вмешаност во наводно местење на натпревари. Станува збор за бразилецот Педрињо и еквадорецот Брајан Гарсија кои според клубот биле задолжени да се постигнат одредени “настани“ на теренот кои ќе им обезбедат големи добивки во обложувалниците на останатите вмешани.

– “Интегритетот и етиката се вредности на Атлетико Параненсе. Затоа сите во клубот се должни да обезбедат богатата традиција на фудбалот во Бразил да продолжи на сигурен начин.“ – се вели во кратко соопштение на клубот.

Последниот период во Бразил дури осум фудбалери се суспендирани поради вакви или слични скандали, бидејќи на дел од натпреварите намерно добивале жолти и црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести