32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Вјахирева ја однесе Русија до финале на ЕП

Ана Вјахирева со 13 гола беше предводничка на репрезентацијата на Русија до триумф над Романија од 28:22 во првото полуфинале на Европското првенство во ракомет за жени. Во финалето во Париз, актуелниот олимписки првак Русија, ќе игра со Холандија или Франција.

Вјахирева овие 13 гола, речиси половина на нејзиниот национален тим, ги даде од 17 шута (дури 76 отсто реализација). Иако според физичкиот иглед повеќе личи на крило, таа игра како десен бек и одбраните на противниците се немоќни против неа. За Романија проблем беше отсуството на Кристина Неагу.

Петтото место го освои Норвешка, која во дуелот за таа позиција, ја порази Шведска со 38:29. Но, за Норвешка ова е неуспех и најслаб резултат на ЕП во последните 18 години.

- Оглас -

Најнови вести