Вклучен алармот: Во Шпанија викендов може да не се игра фудбал

Викендот кој доаѓа е резервиран за дуелите од 11-тото коло во шпанското првенство, но можно е фудбал да нема. Сите мечеви кои се под капата на Ла Лига може да бидат откажани, се закани првиот човек на ова натпреварување Хавиер Тебас.

Причина за ваквата закана е повторниот план за формирање на Суперлигата на Европа, идеја која првпат се промовираше пред две години, а сега повторно се актуелизира.

Пред две години најголем дел од клубовите заедно со навивачите беа против оваа идеја, но сега постои нов план. Спорен момент поради кој револтирано реагира Тебес е неодамнешниот Закон за спорт, што неодамна го донесе Владата на Шпанија.

Според новиот Закон, на клубовите им се одобрува да играат во домашното првенство, а истовремено да бидат дел и од Суперлигата. Доколку не дојде до промена на овој дел од Законот, Тебес најави дека следниов викенд нема да има елитен фудбал во Шпанија.

Освен челниците во Шпанија, против формирање на Суперлигата се и во Германија. Клубовите во Бундеслигата и тоа на чело со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд категорично застанаа против идејата за формирање на Суперлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести