28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Владата донесе одлука да ја зголеми паричната награда за херојот од ЛОИ во Токио

Новиот македонски спортски херој, Дејан Георгиевски доби честитки за сребрениот медал на Олимпискити игри во Токио и од премиерот Зоран Заев.

Георгиевски заедно со двајцата тренери, браќата Борче и Дарко Костовски беа гости на Премиерот, а Заев потври дека паричната награда која првично беше доделена, сега е зголемена.

„Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски 🥈🇲🇰, носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо.
Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.
Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.
- Оглас -

Најнови вести