Легендата на српската кошарка и поранешна НБА ѕвезда, Владе Дивац, денес бил вклучен во сообраќајна несреќа на црногорското приморје, при што паднал од мотоцикл во близина на Луштица.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, очевидци сведочеле дека Дивац по падот не можел сам да стане, поради видливи повреди. Итната медицинска служба пристигнала на местото на настанот и му пружила прва помош, по што тој бил префрлен во болница за понатамошни прегледи.
Иако засега нема официјални детали за степенот на повредите, првичните извештаи велат дека состојбата на Дивац е стабилна и не се наоѓа во животна опасност.