Владе Дивац стана Црногорец

Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац доби црногорски пасош, кој лично му го врачи премиерот Дритан Абазовиќ, а тој возврати со дрес на ЛА лејкерс.

Поранешниот НБА-кошаркар како и репрезентативец на поранешната СФР Југославија и Србија се заблагодари за пасошот, посочувајќи дека за него Црна Гора е од големо значење бидејќи неговите корени потекнуваат во оваа земја.

„Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да му подариме црногорски пасош на легенда на светската кошарка како што е Владе Дивац“, изјави премиерот Абазовиќ.

Владе Дивац е вистинска кошаркарска легенда, во својата богата кариера играше за Партизан, Лос Анџелес лејкерс, Шарлот хорнетс и Сакраменто кингс, а кратко време и во Црвена ѕвезда.

Со голем успех настапуваше за репрезентацијата на Југославија. Тој освои златни медали на светските првенства во 1990 и 2002 година и бронза во 1986 година, а беше европски првак во 1989, 1991 и 1995 година. Тој ја освои бронзата на ЕП во 1987 и 1999 година.

Настапуваше и на Олимписките игри и има сребро од Сеул во 1998 година и Атланта во 1996 година, а по блескавата играчка кариера беше генерален менаџер на Сакраменто кингс и претседател на Српскиот олимписки комитет.

- Оглас -

Најнови вести