Влаховиќ го одби повикот на Пикси, дали причините се навистина од семејна природа?

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на почетокот на новото издание од Лигата на Нации. Србите ќе играат против Шпанија и против Данска во првата половина на септември.

Влаховиќ преку својот Инстаграм профил потврди дека нема да настапи за Србија.

„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.

Српската јавност, сепак, се прашува дали има нешто многу подлабоко во одбивањето на повикот на Влаховиќ.

На 5-ти септември, Србија ќе го пречека европскиот првак Шпанија во Белград, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска.

- Оглас -

Најнови вести