Влаховиќ ѝ даде два гола на Црна Гора и веднаш доби понуда од европски гигант

Душан Влаховиќ ги постигна двата гола во победата на Србија во Подгорица против Црна Гора од 2:0 во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година и веднаш доби понуда налето да го промени клупскиот дрес.

Србинот се наоѓа на удар на навивачите на Јувентус, но и на италијанските медиуми бидејќи сезонава не игра според очекувањата и на 28 натпревари постигна 11 гола и постои голема шанса да биде продаден налето. Доколку Јувентус не избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, тогаш би требало Влаховиќ да биде ставен на трансфер-листата.

Италијанските медиуми пишуваат дека денеска Јувентус ја добил првата понуда за Влаховиќ, и тоа од Баерн Минхен, кој понудил 35 милиони евра и Серж Гнабри.

 

- Оглас -

Најнови вести