Договорот на Душан Влаховиќ со Јувентус истекува следното лето, па српскиот напаѓач ќе може да ја продолжи кариерата во друг клуб како слободен агент. Веќе се споменува Барселона како сериозна опција, со оглед на фактот дека следното лето му истекува договорот и на Роберт Левандовски, па Србинот би бил идеална замена за него.
Сепак, Каталонците ќе имаат сериозна конкуренција во Баерн Минхен, кој исто така сака да го види во своите редови Влаховиќ, но Србинот во тој случај ќе треба да ја дели минутажата со Хари Кејн.
Раководството на Барселона има резервен план, во случај да не успеат да го убедат Влаховиќ. Камерунскиот напаѓач Карл Ето Ејонг е сериозна опција за офанзивата на Каталонците, но тој е под договор со Леванте и за неговите услуги ќе треба да платат околу 30 милиони сева. Сепак, предноста на Ејонг е неговата возраст бидејќи има само 21 година.