Шпанскиот новинар Томас Гонзалес објави сензационална вест дека менаџерите на Душан Влаховиќ му го понудиле фудбалерот на Јувентус на Реал Мадрид, но Кралскиот клуб не е заинтересиран за српскиот репрезентативец.
https://twitter.com/universemadrid1/status/1620374610536701953?s=20&t=x4uU3NNBZ35g1Kaf52aAMg
Влаховиќ дојде во Јувентус пред една година, лани во зимскиот преоден рок за сума од 70 милиони евра, што ѝ беа уплатени на Фиорентина, и плус уште 10 милиони евра во бонуси.
Влаховиќ добро почна кај Старата дама, но потоа дојдоа и проблемите. Често е повреден, сега и незадоволен со ситуацијата во Јувентус, по одземените 15 бода поради финансиски малверзации, но незадоволство има и кај Старата дама.
Влаховиќ не игра како што се очекуваше, има и проблеми со повредите, па и Јувентус сè почесто е на мисла да го продаде, но идејата на менаџерите на Србинот со трансфер во Реал пропадна.