Душан Влаховиќ конечно донесе одлука, српскиот напаѓач ќе ја прифати новата понуда за продолжување на соработката со Јувентус, вредна седум милиони евра по сезона, плус бонуси.
Иако претходните месеци го одбиваше секое продолжување на договорот, Влаховиќ се премисли и одлучи да остане во Торино, прифаќајќи ги условите што клубот ги нудеше. Според италијанските медиуми, агентите на Влаховиќ наскоро ќе седнат на финални преговори со челниците на Старата дама, кои се подготвени да ги потврдат условите што претходно беа одбиени.
„Како што стојат работите, се чини дека Душан Влаховиќ ќе остане во Јувентус“, пишуваат медиумите на Апенините.
Причините за одлуката се јасни. Српскиот напаѓач има одличен однос со соиграчите, добро го познава италијанскиот фудбал и е омилен кај навивачите. Затоа Влаховиќ одлучи да се откаже од побарувањето за плата од 10 до 12 милиони евра и да се задоволи со седум милиони евра, плус бонуси.
Иако беше поврзуван со трансфери во Барселона, Интер и Милан, на крајот тој ја одбра стабилноста и продолжувањето на приказната во Торино.

