Фиорентина и Јувентус се договорија за Влаховиќ, полицијата гo чува од бесните навивачи во Фиренца

Душан Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус, екипа која е најомразена кај навивачите на Фиорентина, а целиот случај со најдобриот стрелец во Серија А добива сериозни димензии.

Српскиот репрезентативец добива и опасни закани од фановите на Виолетовите, па полицијата ги презеде работите во свои раце.

Од утринава блокирани се сите пристапи кон неговиот дом во Фиренца, а полицијата ги проверува сите возила што водат во тој правец.

Влаховиќ имаше понуди од Арсенал и од Јувентус, но според италијанските медиуми, веќе има договор за преселба во таборот на најтрофејниот клуб на Чизмата, кој треба да и плати на Фиорентина отштета од околу 75 милиони евра.

 

Ривалитетот меѓу Фиорентина и Јувентус се разгоре точно пред 30 години, кога двете екипи водеа мртва трка за Скудетото.

Двете екипи во последното коло во сезоната 1981/82 влегоа со еднаков број бодови. Виолетовите одиграа само 0:0 на Сардинија против Калјари, па голот на Лијам Брејди за Јувентус против Катанцаро ѝ ја донесе титулата на Старата Дама.

Навивачите на Фиорентина беа бесни, па истакнаа парола со порака „Подобро е да си втор, отколку да крадеш“.

Потоа следуваше „кражбата на дијамантот“, како што навивачите на Фиорентина сè уште го нарекуваат трансферот на Роберто Баџо во 1990 година во Јувентус.

Торино и Фиренца се оддалечени околу 300 километри, но ривалитетот и омразата се повеќе расте, а новиот трансфер на играч од Фиорентина во Јувентус пред две години повторно ги разгоре страстите.

Федерико Кјеза во Торино дојде како позајмен фудбалер од Фиорентина на две години, а Старата дама има право на откуп на договорот со еден од најдобрите фудбалери на Чизмата.

Јувентус треба да плати околу 40 милиони евра, плус 10 милиони евра како бонуси за Кјеза да стане нивен играч со перманентен договор и најтрофејниот клуб во Италија сигурно ќе го стори тоа во текот на 2022 година, што повторно не им се допадна на навивачите на Фиорентина.

Сега Јуве повторно успеа да купи одличен играч на Фиорентина, а навивачите на Виолетовите најавија протести.

 

- Оглас -

Најнови вести