Влезот ќе биде слободен за дуелот Македонија – Украина

Македонската кошаркарска федерација го отвора вратите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје за натпреварот од квалификациите за Светскиот Куп 2023, против селекцијата на Украина, кој нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 4. јули (понеделник) со почеток од 18 часот.

Од Федерацијата ги покануваме сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп, „во живо“, и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализираме првата победа во овој квалификациски циклус.

Македонија синоќа гостуваше кај Шпанија и загуби убедливо со 80:44, во меч на кој нашите кошаркари поставија еден неславен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести