25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Во 96 години постоење, Наполи само втор пат е со ваков подвиг

Наполи продолжува со блескавите игри откако синоќа со 1:0 славеше против Рома на „Олимпико“ и со тоа продолжи една неверојатна низа на тимот од југот на Италија. За Наполи ова беше 11-та победа по ред во сите натпреварувања (седум во првенството и четири во Лигата на шампиони).

Со овој скор од 11 победи по ред, Наполи го повтори успехор од 1986 година, кога во периодот од април до септември имаше 11 победи по ред. Тоа беше единствен таков скор во 96-годишната историја на клубот и така се до сега, кога оваа генерација успеа 11 пати по ред да се радува.

- Оглас -

Најнови вести