Албанија ја има честа да биде земја во која се возат неколку етапи од легендарната велосипедска трка Џиро Д’Италија. За време на третата етапа, додека велосипедистите беа во група, се случи еден необичен инцидент.
Додека велосипедистите возеа покрај стадо кози, една од козите втрча на патеката и буквално го нападна Дион Смит.
„Немав многу време за размислување. Десет секунди пред тоа видов како еден полицаец се обидува да ги задржи сите кози. Потоа, една од нив, тргна директно кон нас. Среќа што останав на велосипедот и не паднав“, коментираше Смит по оваа необична средба со животното.
Од натпреварувачки аспект, победник на третата етапа беше Мадс Педерсен. Тоа е велосипедистот кој победи и во првата етапа.
🐐 This Albanian goat doesn’t seem to be a cycling fan. 😎
A tricky scene during today’s stage of the Giro d’Italia. #Giro pic.twitter.com/DK8br1Wbpk— René Bugner (@RNBWCV) May 11, 2025