Во Англија е, и малку е наопачки – Лидерот на табелата има повеќе порази од фенерџијата (Фото)

Англискиот Чемпионшип веројатно е и најсилната Втора фудбалска лига на светот, а моментно по некомплетното 16-то коло, табелата е малку и чудна и има необичен изглед.

Блекбурн вчера го победи Сандерленд и стана лидер со 27 бода, со два бода повеќе од Барнли и од Шефилд јунајтед, но и со два меча повеќе одиграни.

Популарните Роверс се вистинско чудо во Чемпионшип и имаат повеќе порази како лидери на табелата од фенерџијата Ковентри.

Моментно првопласираниот тим загуби 7 пати, а последниот Ковентри има 5 порази.

Сето тоа може да се смени веќе вечерва ако победат и Барнли и Шефилд јунајтед, или еден од тие два тима.

Барнли, чиј член е нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но не игра поради повреда, му гостува на Бирмингам, а Шефилд јунајтед му пристигна на гости токму на Ковентри.

Ако ниту еден од нив не победи, прв може да биде Квинс парк ренџерс со триумф дома против Кардиф и во тој случај со ист број бодови, 27, но со подобра гол-разлика ќе го симне чудниот лидер дури со 7 порази во Чемпионшип.

 

- Оглас -

Најнови вести