Во Англија може да се додели црвен картон ако играч кашла во правец на противникот!

Фудбалската федерација на Англија (ФА) од денеска воведе ново правило. Поради претпазливост поради пандемијата со Коронавирусот, главнито судија ќе има право да додели црвен картон на фудбалер доколку кашла директно во правец кон противникот.

Според објаснувањата од ФА, ваквиот потег на фудбалерот ќе се смета како намерно удирање на противникот без борба за топка, што секако се казнува со црвен картон. За добивање на ваков црвен картон суспензијата ќе биде меѓу два и три меча.

Новото правило ќе започне да се користи уште од утре, кога се игра и најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Победникот од тој меч може да заработи до 300 милиони евра, а деталите за тоа кои играат во најскапиот дуел и што се очекува, може да прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести