Во Аргентина постигната една од најлудите тројки за победа во историјата на кошарката (Видео)

На натпреварот помеѓу Феро и Бока јуниорс од четвртфиналето на плејофот во аргентинската кошаркарска лига беше постигната тројка за победа каква што ретко се гледа на ваков важен меч.

Бока беше прва во регуларниот дел од сезонава, Феро осми, но сега е 2-1 за Феро во победи. Синоќа при 73-73, Бока имаше напад за победа, изведоа аут на 1,6 секунди до крајот, но ја загубија топката, таа се најде во рацете на Емилијано Лескано кој немаше време и друг избор освен да ја фрли најдалеку што може. Не го ни гледаше кошот, ја фрли топката со една рака и, за негова среќа и на публиката, а за шок на гостите кои беа фаворити, топката „без коски“ заврши во кошот на другата страна и Феро победи со 76-73.

Потег за историја, погледнете го:

- Оглас -

Најнови вести