20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Во Бангладеш казнети 15 мажи затоа што го славеле роденденот на Лионел Меси

Вкупно 15 мажи на возраст од 17 до 32 години биле казнети во Бангладеш поради прекршување на правилата дадени за време на пандемијата поради Коронавирусот. Полицијата морала да интервенира кога било пријавено дека поголема група на луѓе прават бучава и се собрани на јавно место, иако тоа не било дозволено.

Кога пристигнала полицијата на масата имало торта, а луѓето пиеле и кафе. Објаснувањето било дека тие се собрале за да го прослават роденденот на Меси кој беше вчера. Секој од мажите е казнет со по 100 индиски рупи (околу 1,32 американски долари). Казна од 70 долари имало и за кафулето кое работело во време кога тоа не било дозволено.

„Тие го нарушиле правилото за социјална дистанца, но и за останување во карантин“, стои во соопштението на полицијата.

Во Бангладеш досега има над 122.000 заразени од корона-вирусот, а бројот на починати е 1.582 луѓе. Фудбалот во Бангладеш е меѓу најпопуларните спортови, а секако Меси е еден од најомилените играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести