Аргентинците слават роденден на Меси и 30-годишнина од историската победа над Бразил

Денеска во Аргентина има двојна прослава – нивниот најдобар играч Лионел Меси слави роденден и полни 33 години, а 24 јуни е датумот на кој точно пред 30 години на Светското првенство во Италија го совладаа ривалот Бразил, во меч на кој Бразилците беа апсолутни фаворити на хартија.

Меси заедно со Диего Марадона и Алфредо ди Стефано се тројцата најдобри аргентински фудбалери во историјата, па роденденот на Меси секако е посебен ден за земјата која е луда по фудбал. Аргентинците од Лео долго чекаат да им ја донесе светската титула, прва од времето на Марадина наваму. Катар 2022 е последна шанса за Меси да освои Мундијал.

Аргентинците на денешен ден пред 30 години беа во еуфорија. Гаучосите во 1990 беа бранители на светскиот трон, но првата фаза ја одиграа многу лошо, на стартот шокантно загубија од Камерун, го освоија само третото место во групата, но и тоа им беше доволно за пласман во осминафиналето. На Мундијалот во Италија имаше 24 тима, па од некои групи и третиот влезе меѓу 16-те најдобри. Бразил го освои првото место во својата група, но никако не успеваше да даде гол на тој меч во Торино, а Марадона направи една одлична акција, му додаде на Клаудио Каниџа и тој го издрибла и го совлада голманот Тафарел за 1-0, резултат кој остана до крајот.

Постои легенда според која Бразилците и до ден денеска плачат поради тој пораз.

Победите на Аргентина против Бразил се слават повеќе од нормалното, а таа победа им го отвори патот до пласман во финалето, откако во четвртфиналето со Југославија и во полуфиналето со Италија Аргентинците победија на пенали.

- Оглас -

Најнови вести