26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Во Барселона се бесни на судијата, Педри јавно зборуваше: Нема да молчам!

Барселона има максимални шест бода по првите две кола во шпанската Примера дивисион, откако синоќа со 3:2 славеше на гостувањето кај Леванте. Овој триумф на каталонскиот гигант беше потешко од очекувано, затоа што Леванте на полувреме водеше со 2:0.

Домаќините се радуваа на погодоците на Ромеро во 15 минута и на Моралес од пенал во последните моменти од првиот дел. Сепак, Барселона во второто полувреме заигра многу подобо и со погодоците на Педри, Феран Торес и автоголот на Елгезабал направи целосен пресврт.

Педри беше избран за најдобар играч на мечот, а ѕвездата на Барселона беше лут зошто судијата досудил пенал за Леванте кога топката го удри Балде во раката. Според Педри, за иста ситуација, минатата сезона на Ел Класико Барселона не доби пенал во дуелот со Реал Мадрид.

„Буквално пред неколку дена, претставници на РФЕФ ни одржаа предавање за новите правила за оваа сезона, а посебен акцент ставија на казните што ќе бидат досудени за играње со рака во нашиот шеснаесетник. Минатата сезона не ни беше досуден пенал во Ел Класико кога топката ја удри испружената рака на Чуамени, која беше во неприродна положба“, вели Педри и продолжува:

„Сепак, судијата вечерва му досуди пенал на Леванте откако топката го погоди Балде во раката што беше до неговото тело, во природна положба. За мене, ова не е пенал, особено имајќи ги предвид новите правила за кои ни кажаа. Се чини непотребно да се каже нешто, бидејќи ќе биде само како што ќе одлучи судијата. Да бидам искрен, ништо не ми е јасно и мислам дека сите очекуваме објаснување за тоа што се случува, едноставно нема да молчам, не можам да го направам тоа“, рече Педри веднаш по мечот со Леванте.

- Оглас -

Најнови вести