Во Барселона се надеваат Меси да игра до 45 години

Лионел Меси во средата одигра уште еден маестрален меч и ја предводеше Барселона до победа од 3-0 против Ливерпул во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Аргентинскиот виртуоз посебно воодушеви со погодокот што го даде од слободен удар. Со оваа победа, каталонскиот гигант е многу блиску до финалето во елитното натпреварување на УЕФА, но треба да се одигра и реваншот на „Енфилд роуд“.

Веднаш по дуелот со Ливерпул, многумина го поставија прашањето што ќе биде со Барселона кога Меси ќе реши да си замине, па со свое мислење се јави претседателот на клубот Хосеп Марија Бартомеу.

„Меси е како ‘човек-клуб’. Никогаш нема да нè напушти. Може да престане да игра, но секогаш ќе биде со нас. До кога би можел да игра? Не знам, можеби додека не наполни 45 години. Никој не го знае тоа. Ќе игра уште колку што сака самиот тој. Тоа можеби ќе бидат три, четири, пет години. Не се знае. Ние сме подготвени и за играње и по заминување на Меси. Имаме играчи како Дембеле, Ленгле, Артур кои ќе треба да го преземат товарот кога Меси ќе си замине. Сепак, уште не размислуваме за заминување на Меси, има уште многу време за тоа. Мислам дека тој ден кога Меси ќе се прости од фудбалот не е блиску“, рече првиот човек на Барселона, Бартомеу.

На дуелот против Ливерпул Меси го прослави и 600-тиот погодок во дресот на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести