На 1 мај Меси го даде првиот гол, сега се радуваше на 600-тиот погодок во дресот на Барселона

Лионел Меси уште еднаш покажа дека е феномен. Аргентинецот со два гола ја предводеше Барселона до победа од 3-0 против Ливерпул, во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Освен головите кои се многу вредни кон патот до финалето во ЛШ, со овие два погодоци Лео стигна до еден јубилеј. Аргентинецот стигна до 600 голови во дресот на Барселона.

Интересно е што 1 мај е среќен ден за Меси. На овој датум точно пред 14 години, Меси се израдува на првиот гол во дресот на Барселона, во дуелот против Албасете. Сега, на истиот датум, против Ливерпул со двата гола заокружи 600 погодоци за каталонскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести