Во Барселона се среќни со ждрепката во ЛШ

Барселона во четвртфиналето ќе се сретне со Манчестер јунајтед, противник кој го посакуваа уште пред да се случи ждрепката. Тоа ќе биде судир на поранешни повеќекратни европски прваци, а во два наврати ќе можеме да сведочиме на репризи од финалињата од 2009 и 2011 година.

Спортскиот директор на Барселона, Гиљерме Амор, истакна дека шпанскиот гигант е задоволен од ждрепката и дека очекува двата натпревари да бидат спектакли.

„Среќни сме што го добивме Манчестер јунајтед за противник. Со оптимизам го чекавме ждребот, а добивме доста квалитетен противник, се надевам дека двата меча ќе бидат спектакл. Јунајтед е еден од европските великани, но и ние имаме квалитет да одиме до самата завршница. Овие два дуели ќе бидат како реприза од финалињата во 2009 и 2011 година. Манчестер го направи невозможното против ПСЖ, така што сигурен сум дека и во четвртфиналето нема да биде решено по првите 90 минути. Досега отпаднаа многу силни екипи, така што пред оваа ждрепка ни беше јасно дека нема лесен противник, сите се квалитетни“, истакна директорот на Барселона, Гиљермо Амор.

Првите четвртфинални пресметки ќе се играат на деветти, односно 10 април, додека возвратните дуели се закажани за 16, односно 17 април.

- Оглас -

Најнови вести