Во Барселона се загрижени – Што го мачи Лионел Меси?

Лионел Меси има едно чудо рекорди во својата колекција и сезонава 12-ти пат по ред ја мина границата од 20 гола и 20 асистенции, но и првиот стрелец во Ла Лига има мака.

Педантните статистичари во Шпанија му пресметаа на капитенот на Барселона дека над илјада минути нема постигнато гол од игра.

Меси досега постигна 22 погодоци во шпанското првенство и е топ-голгетер во Ла Лига, но и точно 1098 минути не ја тресел мрежата на противниците од поле.

Последниот гол од игра Аргентинецот го постигна против Мајорка на 13. јуни и оттогаш уште двапати беше стрелец, но од белата точка.

Барселона и денеска победи, против Валјадолид со 1:0, а Меси беше асистент по 20. пат во Ла Лига и по неговото одлично додавање Артуро Видал им донесе триумф на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести