Усман Дембеле по пауза од пет месеци се врати во тренажен процес. Францускиот репрезентативец денес одработи индивидуален тренинг во комплексот на Барселона, првпат од средината на февруари по операцијата на задниот бутен мускул од десната нога.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1283095864005861378
Дембеле е во трка со времето да биде „фит“ за завршницата на првенството, од кое преостанаа две кола. Каталонците за два дена ја пречекуваа Осасуна, додека во 38-то гостуваат кај Алавес, дуели во кои Барса мора да издвои максимален учинок и да се надева на чудо за да ја одбрани титулата.