Во Бразил применето новото фудбалско правило, голманот беше збунет (Видео)

Голманот на Атлетико Паранаенсе, Микаел, е прва „жртва“ на новото фудбалско правило од пред еден месец според кое чуварите на мрежата не смеат да ја држат топката во своите раце подолго од 8 секунди, во спротивно следува корнер за противникот.

Според новото правило, голманот наместо 6 секунди и индирект кој ретко се судеше, ќе може да ја држи топката 8 секунди, но судијата ќе ги брои секундите. По истекот на првите 3 секунди, судијата ќе биде должен да ја крене раката и да ги изброи последните 5 секунди со прстите.

Ако голманот не ја испушти топката од рацете, судијата ќе ја додели топката во корист на противничкиот тим, односно корнер, што се случи во наведениот пример.

Судијата броел, па му даде корнер на Пајсанду на овој меч од бразилската Серија Б и тимот од Куритиба го стави во непријатна ситуација, со опасност противникот да изедначи на 2-2. На Микаел не му беше јасно што се случи и зошто судијата покажа корнер.

Ова правило ќе се употреби и на Светското клупско првенство летово, сега се тестира само во втората лига на Бразил, а од следната сезона ќе важи секаде низ светот.

- Оглас -

Најнови вести