Во чест на Велигден: Со кршење јајца одлучија кој прв ќе тргне од центар (Видео)

Во Бугарија, исто како и кај нас, изминатиов викенд се славеше најголемиот христијански празник Велигден. Поради празникот, мечевите од ова коло се играа или во петокот или во понеделникот, а викендот беше резервиран за прослава на Велигден.

Како традиција за Велигден е кршењето со јајца, а во Фудбалската федерација на Бугарија решија токму така и да се одлучува за тоа кој тим прв ќе тргне од центарот. Наместо традиционалното фрлање паричка, овојпат капитените на двата клуба добиваа по едно јајце кое беше во клупските бои и со кршење решаваа кој ќе биде тимот што прв ќе тргне од центарот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести