2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Во Данска главна преокупација е ситуацијата со Гренланд, ракометот им е радоста (Видео)

Во Данска вест и преокупација број 1 е ситуацијата со нивниот огромен остров Гренланд за кој постои опасност да биде преземен или откупен од САД. На телевизиите тоа е главно, се следат сите вести на оваа тема која ги загрижува Данците.

Денеска во многу градови низ Данска, па и во оние во кои се сместени македонските фанови, имаше мирни протести во кои жители на Гренланд бараа да останат газди на својата земја.

Имаше и македонски навивачи кои се интересираа за ситуацијата. И луѓето од Гренланд и Данска знаат каде е Македонија и дека вчера игравме ракомет со нив, и со тага во очите го пренесуваа нивното видување за она кое наскоро може да им се случи.

Не се протестираше само за Гренланд, во Архус, неколку километри понатаму од плоштадот на кој му се даваше поддршка на Гренланд, една друга група луѓе имаат друга мака, а тоа се Иранците.

И тие мирно протестираа, кажувајќи си ги маките и политичките проблеми со кои се соочува нивната земја.

Данска „гори“ баш среде Европско првенство во ракомет, тоа сигурно не им се допаѓа на организаторите, но ако Данците го освојат златото и титулата, сигурно ќе им биде полесно и нема да мислат само на Гренланд.

- Оглас -

Најнови вести