Во Данска се отвораат училиштата, тоа е добар знак дека набрзо ќе има и фудбал

Данска стана првата земја која најави укинување на мерките на рестрикција кои беа воведени поради пандемијата од Коронавирусот. Премиерката на оваа земја, Мете Фредиксен, најави дека по католичкиот Велигден, повторно ќе бидат отворени сите училишта и градинки, а тоа автоматски значи дека се размислува и за враќање на фудбалските возбудувања во оваа земја.

„Секако дека сакаме фудбалот да продолжи да се игра во скоро време. Сонцето пече, тревата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме пролетниот дел од сезоната. Сепак, пораката од премиерката е јасна, а тоа е дека сите активности мора да бидат прекинати до 10 мај, а тоа важи и за фудбалот“, велат од Данската фудбалска федерација.

Во данската Суперлига досега се одиграни 24 меча, а лидер е тимот на Мидтјиланд со 62 бода, додека на второто место е Копенхаген дури со 12 бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести