Во Денвер нагетс, подобро се тренира со песни од Џеј Рамадановски (Видео)

Кондицискиот тренер на Денвер нагетс, Фелипе Ајхенбергер, објави снимка како работи индивидуален тренинг со Словенецот Влатко Чанчар, но веројатно не ни знаеше дека овој негов обичен клип ќе предизвика големо внимание во српските медиуми.

Додека Чанчар тренира, од соблекувалната се слуша песната „Угасила си ме“ од Џеј Рамадановски. Не се знае само дали Чанчар, кој во минатото играше за српскиот клуб Мега Бемакс, си ја пушти песната како мотивација или пак тоа е дело на Србинот Никола Јокиќ, кој не се гледа на снимката, но можеби е некаде во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести