-5.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Во Џеда ќе има спектакл со многу голови, Баерн Минхен лесно ќе победи (Фото)

1323 Барселона – Реал Мадрид (20:00)

Барселона како ретко кога е голем фаворит за победа во дуелот против Реал Мадрид, а вечерва двете екипи ќе одлучуваат за првиот трофеј оваа сезона, оној од Супер купот во Џеда, Саудиска Арабија. Барселона во мечот влегува со девет победи по ред, додека „кралевите“ имаат серија од пет триумфи, но интересна е традицијата во нивните меѓусебни дуели. Последните четири средби завршија со голови во двете мрежи, но и со по најмалку три гола, а ако бараме само „3+“, тогаш серијата е цели 12 натпревари.

Предлог тип: 1Х&13I13II (2.40)

 

1198 Манчестер јунајтед – Брајтон (17:30)

Манчестер јунајтед со серија од три нерешени средби влегуа во мечот од ФА купот против Брајтон, екипа која сезонава веќе ја победија со 4-2 на домашен терен. Гостите играат променливо, но на последниот меч одиграа нерешено, 1-1, против Манчестер сити, па затоа најсигурната опција за овој меч е да се одигра на голови, а нив треба да ги има во двете мрежи и во двете полувремиња.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.84)

 

3634 Интер – Наполи (20:45)

Во италијанската Серија А вечерва се игра големото дерби кое ќе ја крои табелата и ќе даде насоки во борбата за титулата. Последните два шампиони, Интер и Наполи, во битка за бодови, а евентуален пораз за Елиф Елмас и неговите соиграчи, само ќе ги одалечи од одбраната на Скудетото. На последните четири меѓусебни средби имаше по најмалку два гола, па така се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.24)

 

1809 Баерн Минхен – Волфсбург (17:30)

Баерн Минхен е неприкосновен оваа сезона во Бундеслигата, па „баварците“ имаат загубено само четири бода од можните 45, а попладнево се очекува нивната предност пред Борусија Дортмунд да порасне на 11 бода. Актуелниот шампион на Германија на домашен терен го пречекува Волфсбург, екипа против која имаат шест победи по ред, а немаат загубено уште од 2015 година, па се освен лесна и убедлива победа ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (1.98)

 

3020 Падова – Модена (17:15)

Три од последните четири средби на Падова и Модена завршуваа со победа од 1-0 за една од екипите, па слично сценарио се очекува и на нивниот денешен натпревар. Тврд фудбал со малку голови, но со одлична квота во Sport Life.

Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.04)

- Оглас -

Најнови вести