Џенова и Интер ремизираа 1:1 во меч од 18 коло во Серија А, а двата гола беа постигнати во финишот на првото полувреме. Интер поведе со погодокот на Марко Арнаутовиќ во 42 минута, а Џенова израмни со погодокот на Романецот Раду Драгушин во седмата минута од судиското надополнување на првиот дел.
За Џенова ова беше прв погодок во дуелите со Интер по пауза од речиси шест години. Последен пат Џенова имаше дадено гол во дуелите со Нераѕурите на мечот одигран во февруари 2018 година, кога Горан Пандев погоди во триумфот од 2:0. Од тој меч, Џенова и Интер одиграа осум дуели на кои Џенова ја немаше затресено мрежата на овој ривал. Вечерва Џенова погоди и не загуби.
Интер и покрај ремито ќе остане лидер на табелата во Серија А до крајот на годината. Нераѕруите сега имаат 45 бодови, пет повеќе од вториот Јувентус кој за ривал во последното коло од 2023 година ја има Рома во Торино.