Во Динамо се молат Гојак да постигне гол против Розенборг

Босанецот Амер Гојак е вистинска амајлија за Динамо Загреб бидејќи откако е член на овој клуб, на сите натпревари (и во хрватската лига и во европските купови) на коишто дал гол, Модрите победувале.

На Гојак омилен гол му е против Спартак Трнава, бидејќи му помогна на Динамо по 49 години да игра во пролетниот дел од еврокуповите. Даде гол и неодамна, на гостувањето во Будимпешта, со разбивањето на Ференцварош со 4-0.

Значи рецептот е познат, доколку Гојак даде гол, можете да бидете сигурни дека Динамо ќе победи, и тоа е податок кој може да им значи на прогнозерите кои се обложуваат во живо и ѝ веруваат на традицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести