Драчево слави нов милионер со огромна добивка во Sport Life, а овојпат ќарот е 1.200.000 денари бруто, на два тикети со уплата од 20 и од 30 денари и погодени 11 натпревари.
Одиграни се вкупно 12 дуели, а одложена е пресметката меѓу Канзас сити и Минесота јунајтед во МЛС-лигата.
Но, и без тој меч коефициентот на едниот тикет со фиксови е 50.765, сосема доволно за добивка од ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ.
Миксот на новиот велемајстор од скопската населба во која често има големи добивки е интересен и е составен од мечеви од МЛС-лигата во Америка, по еден натпревар од Бразил и Парагвај и два од кинеската лига.
ЕДЕН ТИКЕТ ЗА МИЛИОН И ЕДЕН ЗА РЕЗЕРВА И СО УСЛОВ ЗА 210.570 ДЕНАРИ
За да биде авантурата комплетна, добитникот на милионот во Драчево уплатил уште еден тикет со истите натпревари со четири фиксови и 6/8, а добивката и тука е одлична и изнесува 210.570 денари бруто за влог од 30 денари.
Стартот на велемајсторски одиграните тикети беше одличен, а вечерта на први ноември Колумбус против Филаделфија и Сантос со Бахија донесоа два погодени натпревари.
Во ноќниот сет од натпревари во МЛС требаше и малку среќа, а најнеизвесно беше на дуелот меѓу Торонто и Интер Мајами. Тимот на Дејвид Бекам водеше по првото полувреме со голот на Матуиди, а за добивка во Драчево требаше комплетен пресврт и победа на Торонто.
Ја донесоа Акинола со гол во 55-тата минута и Позуело со прецизен удар од пенал во 84-тата минута. Кога и Портланд успеа да постигне победнички гол во второто полувреме за триумф против Ванкувер, добивката од милион денари веќе беше на прагот на среќниот добитник.
И двата кинески дуели што се одиграни на добитниот тикет вреден еден милион денари, играни рано во понеделник, излегоа лесно, со посакуваните исходи, за неверојатни добитни тикети со огромна сума пари и со влог само од 20 и 30 денари.
Еден меч беше одложен, дуелот меѓу Канзас сити и Минесота јунајтед, но и без него тикетот е со коефициент од 50.765, сосема доволно за ќар од еден милион денари, исплатени во уплатно место на Sport Life во скопската населба Драчево.