Новото 30-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку дерби-натпревари од петте најсилни европски лиги, а прогнозерите веќе го предвидуваат исходот на 13-те понудени натпревари, како и двете резерви.
Колото започнува со еден од најинтересните натпревари, бундеслигашкото дерби меѓу Унион Берлин и Фрајбург, а прогнозерите засега немаат дилеми кој ќе слави.
Двата тима се борат за позиција на табелата која носи во Лигата на шампионите следната сезона. Унион Берлин и Фрајбург имаат по 56 бода на три кола до крајот и се на делба на четвртото место на табелата.
Дури 82,38 отсто од прогнозерите сметаат дека Унион Берлин ќе слави, додека само 7,34 отсто веруваат во триумф на Фрајбург.
Прогнозерите засега имаат голема доверба и во Монако (74,90 отсто), кој игра против Лил во Брест (75,83), кој го пречекува Оксер во Виљареал (74,50), кој игра против Атлетик Билбао, во Стразбур (62,48), кој игра против Ница, како и Верона (66,49), која го пречекува Торино.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.