Во еден ден два пресврти – Имобиле повторно е прв стрелец во Калчото (видео)

Последното 35-то коло во Серија А се комплетираше со два пресврти. Откако Удинезе претходно вечерва го изненади Јувентус, на сличен начин триумфираше и Лацио во дуелот против Калјари со 2-1.

Гостите при истекувањето од регуларните минути во првото полувреме поведоа преку Симеоне, но нивната предност не траеше долго. Сергеј Милинковиќ-Савиќ со спектакуларен потег израмни на 1-1 во 47-мата минута, а по еден час игра Небесносините дојдоа до пресвртот со помош на Чиро Имобиле.

На асистенција на Алберто, Имобиле го постави конечниот резултат и стигна до 31-виот гол во Калчото за оваа сезона, па одново е лидер во трката за Златната копачка со еден гол пред Кристијано Роналдо.

Лацио конечно, по пет разочарувања, успеа да освои три бода во Серија А, сега има 72 бода на четвртото место, со еден помалку, односно два зад Интер и Аталанта. Калјари остана на 13-тата позиција со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести