Во еден од најлудите мечеви во ЛШ се случи неверојатно промашување (Видео)

Севилја и Салцбург одиграа 1:1 во меч на којшто имаше дури четири пенали, и тоа сите во првото полувреме. Три пенали беа во корист на гостите, но реализираа само еден. Севилја го погоди единствениот удар од 11 метри кој беше досуден за домаќините.

Во историјата на Лигата на шампионите никогаш претходно немаше досудено четири пенали на еден меч, а не пак тоа да бидат само во едно полувреме. На почетокот на второто полувреме, Севилја остана со играч помалку по исклучувањето на Ен Несри, но гостите тоа не успеаја да го искористат за да стигнат до трите бода.

Најдобрата шанса во второто полувреме за Салцбург ја имаше Омар Солет, кој во 57-мата минута промаши од позиција од која е речиси невозможно да се утне.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести