Во екот на кризата Глазгов ренџерс опасно ќе се засили

Стјуарт Гибсон е најавен како нов сопственик на шкотскиот гигант Глазгов ренџерс, а трансферот на власта кај најтрофејниот клуб во оваа земја може да се случи додека трае кризата со Коронавирусот.

Џорџ Тејлор, кој сè уште е сопственик на клубот рекордер со 54 титули во Шкотска, најави дека е подготвен да му го продаде Ренџерс на Гибсон.

Стјуарт според проценките тежи над 1,5 милиарди евра, а богатството го стекна со бизнис во Азија. Има над 15 компании, а планира да ја основа и 16-тата, односно најголемиот дистрибутивен центар за производи за широка потрошувачка во Нагоја, Јапонија.

Шкотските медиуми објавија дека Гибсон веќе присуствувал на неколку натпревари на Глазгов ренџерс сезонава и дека е блиску до договор со Тејлор за преземање на клубот.

- Оглас -

Најнови вести