6.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Во Фиорентина сметаат дека се „ограбени“ во Милано (Видео)

Директорот на Фиорентина, Даниеле Праде, ја критикуваше „скандалозната“ одлука на ВАР-системот со која Милан победи со 2-1, но исто така ја прифати „вината“ за нивната моментална тешка ситуација.

Фиорентина водеше со 1:0 со голот на Робин Госенс во 55-тата минута и тогаш гостите веруваа дека со позитивен резултат ќе си заминат од „Сан Сиро“. Сепак, така не мислеше Рафаел Леао, кој во последните 30-тина минути се претвори во херој на Росонерите.

Леао најпрво израмни на 1:1 во 63-тата минута, а потоа погоди од пенал во 86-тата минута за триумф на Милан од 2:1. Гостите беа огорчени од судиската одлука да биде досуден пенал за Милан, поради како што тврдат тие, минимален контакт. Ситуацијата по која беше досуден пенал може да ја видите ТУКА.

„Мислам дека ако VAR треба да го повика судијата поради јасна и очигледна грешка, ова е огромна грешка од VAR, а Маринели едноставно немаше храброст да ја поддржи својата првична одлука. Не можам ни да опишам како се чувствуваме во моментов, ова се инциденти што ја менуваат целата сезона. Скандалозно е. Тој остана да лежи, а  едвај беше допрен. Тоа е грда сцена за гледање“, вели директорот на Фиорентина, Праде.

По оваа победа Милан е нов лидер во Серија А, додека Фиорентина останува без ниту една победа и само со три бода од седум меча е на 18-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести