9.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Во Франција признаа: ПСЖ со нерегуларен гол го победи Лион (Видео)

Пари Сен Жермен со 3:2 го победи Олимпик Лион во дербито од 12-тото коло во француското првенство. Со оваа победа ПСЖ остана лидер на табелата со 27 бода, додека Лион има 20 бода и тоа е доволно за седмото место на табелата.

Дури пет гола имаше на дербито во Лион, а посебно внимание предизвика погодокот кој го постигна Хвича Кварацхелија за водство на Пари Сен Жермен од 2:1 во 35-тата минута. Домашните фанови и фудбалери реагираа тврдејќи дека Витиња го фаулирал Танер Тесман и така допринел топката да дојде во Кварацхелија, кој потоа постигна погодок.

По разгледувањето на спорната ситуација, Судискиот комитет во Франција смета дека овој фаул можел да биде досуден. „Имаше контакт при одземањето на топката, што би можело да го објасни падот на играчот на Лион“, се наведува во ставот на комитетот.

„Ова е многу сложена ситуација, за која комитетот не е едногласен. Бидејќи топката ја удри Витиња по контакт над коленото во потпорната нога на Тесман. Овој контакт имаше влијание врз неговата контрола врз топката. Поради оваа причина, логично е да се досуди фаул и да не се дозволи голот да биде признаен. Но, ова е сива зона, поради што може да се разбере одлуката на ВАР да не го повика судијата да ја разгледа ситуацијата“, коментираше шефот на судиите во Франција, Амори Делеру, цитиран од весникот „Л’Екип“.

- Оглас -

Најнови вести