Мечот сепак продолжи – Во Гдањск беше како на бојно поле, има и повредени, пристигнаа возила на Брза помош (Видео)

Вистински хаос направија навивачите на Лехија Гдањск, кои се истепаа меѓу себе на трибините на дуелот против македонскиот претставник Академија Пандев вечерва во квалификациите за Конференциската лига.

Мечот е прекинат во осмата минута поради дивеењето на домашните навивачи, но по пауза од околу 40-50 минути, сепак продолжи, иако според информациите има и повредени навивачи на Лехија во меѓусебната тепачка.

За среќа, играчите на Академија Пандев и на Лехија навреме се засолнија во соблекувалните, а на помош на повредените навивачи на трибините им дојдоа возилата на Брза помош.

 

- Оглас -

Најнови вести