Баерн Минхен вчера непријатно беше изненаден на „Алијанц Арена“ и загуби од Хофенхајм со 2:1. За германскиот првак ова беше прв пораз сезонава и тоа пред своите навивачи. Хофенхајм во минатото бил тим кој едноставно не ни можел да замиисли да освои бод, а не па да си оди со три бода од Минхен. Во претходните 11 гостувања, овој тим против Баерн во Минхен имаше девет порази и само две реми. но вчера се случи чудо и беше подобар.
Овој пораз на Баерн во Минхен е само комплетирање на една чудна ситуација која се случува во Бундеслигата. На последните 17 меча во германското првенство, домаќините имаат само една победа.
Неверојатната доминација на гостите започна на 22 сепитември во вечерниот термин, кога играа Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд, а дуелот заврши 2:2. Следниот ден 5. коло во Бундеслигата се комплетираше со уште едно реми (Волфсбург – Хофенхајм 1:1.). Во 6. коло беше забележана неверојатна работа. Во 9 натпревари, домаќините не победија ниту еднаш (осум победи на гостите и едно реми): Келн – Херта 0:4, Фортуна – Фрајбург 1:2, Борусија Д. – Вердер 2:2, Аугзбург – Баер Л. 0:3, Хофенхајм – Борусија М. 0:3, Мајнц – Волфсбург 0:1, Падерборн – Баерн М. 2:3, Лајпциг – Шалке 1:3, Унион Берлин – Ајнтрахт 1:2.
Конечно, по 11 меча без радост на домаќините, во петокот Херта со 3:1 ја победи Фортуна, но тоа се покажа како „инцидентен“ успех на тим кој игра пред своите навивачи. Вчера во пет меча, гостите два пати се радуваа, а три средби завршија нерешено. Вкупно собрано, сите натпревари, почнувајќи од 22 септември вечерта, до сега, билансот е ЕДНА победа на домаќините, 6 реми и 10 победи на гостите.
Денеска во Бундес лигата се играат три меча, а интересно е што коефициентите велат дека домаќините се фаворити. Комплетната понуда за мечевите од Германија, но и сите најинтересни лиги во Европа и Светот може да ја пронајдете на Sport Life.