Во Германија се убедени: Венгер утре ќе стане тренер на Баерн Минхен

Прославениот француски стратег Арсен Венгер утре ќе биде назначен за нов тренер на Баерн Минхен, тврди во своето пишување весникот „Кикер“. Најтрофејниот германски клуб остана без тренер откако во понеделникот отказ доби Нико Ковач. Хрватот си замина по дебаклот на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт и поразот од 5:1.

„Стапивме во контакт со Венгер и тој изрази желба да ја преземе екипата. Ќе биде тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе најдеме нов тренер за подолг период“, стои во натписот на „Кикер“.

Додека во Германија се чека да дојде Венгер, самиот тренер засега демантира дека ќе пристигне во Минхен.

„Никогаш не сум одбил да разговарам со луѓето од Баерн Минхен. Ги знам тие луѓе веќе 30 години. Многу одамна бев блиску да седнам на клупата на тој клуб, но сега немаме разговори“, рече Венгер.

Стратегот кој има 70 години пред повеќе од една и пол година си замина од Арсенал и оттогаш нема работено никаде. Венгер со Топчиите помина повеќе од 20 години, а сега би било навистина интересно како ќе се снајде ако седне на клупата на Баерн Минхен.

Германскиот првак моментно има четири бода помалку од лидерот во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести