Во Германија ваков пораз имало само еднаш претходно во новиот милениум

Баер Леверкузен убедливо со 5:0 славеше над Унион Берлин, во меч на кој домаќините блеснаа во второто полувреме. По првиот дел немаше погодоци и ретко кој очекуваше дека Фармацевтите на крајот може да „пукнат петарда“ во мрежата на гостите.

Шоуто на Баер започна во првата минута од вториот дел кога домашните навивачи се израдуваа на водство од 1:0. Тоа беше само најава за гол-шоуто, па тимот од Леверкузен погодуваше и во 56, 58, 68 и 76 минута. Тоа значи дека за само 30 минути Баер постигна пет гола на Унилн Берлин, кој во пресрет на ова коло беше лидер во Бундеслигата.

Во претходните 12 кола, Унион Берлин имаше примено само девет гола, а сега за 30 минути дури пет пати капитулираше нивната одбрана.

Ова е само втор пат во мовиот милениум, односно односно во последните 22 години, тим кој како лидер влегол во едно коло, да загуби со 5:0. Претходно истото му се случи само уште  на Борусија Дортмунд кога Милионерите загубија со 5:0 од Баерн Минхен во април 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести