Во Гевгелија „живее“ Нострадамус? Погоди три точни резултати и одлично заработи, добивка од 3.000 евра во Куманово (Фото)

За време на викендите секогаш има најмногу возбудувања околу добитни тикети, но два мајсторски тикети беа уплатени во четвртокот.

Во Куманово, на уплата од 300 денари, обложувачот направил интересна комбинација. Има два „фикса“ и потоа комбинација да погоди осум од 11 мечеви. Погодени се сите мечеви и на крајот во овој тикет со комбинации, добивката е 181.548 денари, односно речиси точно 3.000 евра.

Посебно уникатен е тикетот уплатен во Гевгелија. Погодени се три точни резулати на средби кои се играа во Аргентина и тоа на дуели од „резервната лига“. Тоа е лига каде играат вторите екипи на оние кои се дел од елитното друштво.

Аргентинос јуниорс 2 и Тигре 2 одигра нерешено 2:2. Депортиво Риерста 2 славеше над Сан Мартин 2 со 2:1, а третиот погоден точен резултат е на Велез Сарсфилд 2 и Платенсе 2, меч кој звврши нерешено 2:2.

Овој тикет е уплатен само со 30 денари, а добивката е безмалку 100.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести