Третиот натпревар од големото НБА-финале, кое се игра вечерва од 2.30 по полноќ, може да биде клучен затоа што тимот што ќе поведе со 2-1 ќе биде во психолошка предност во продолжение од финалето кое се игра во четири победи.
Индијана направи брејк, но сега игра два меча по ред дома и ако го одбрани домашниот паркет, ќе биде блиску до титула. Инаку квотите за конечен тип велат дека гостите се фаворити за победа. Оклахома на првите два меча водеше 91,22 минути, а Индијана имаше предност само 1,53 минути.
Во годинешниот плејоф, Индијана дома досега има два порази, а Тандер на гости загубија трипати, два од тие порази им беа против Денвер. Во дуелот во Индијанаполис во регуларната сезона, Оклахома во декември победи на гости кај Пејсерс со 120-114.
Освен големиот број игри за самиот меч, во Sport Life може да се обложите и на број на поени на 15-те поединци кои се во понудата. Шај Гилџиус-Александер на првите два меча даде вкупно 72 поени, па границата од 33,5 поени делува како добра понуда кај него да се игра на плус поени.
Може да се обложите и кој кошаркар ќе биде најкорисен во финалната серија. Како што стојат работите во моментов, главен фаворит е Шај Гилџиус-Александер, но ако Индијана биде првак, добри се шансите и на Тајрис Халибартон или Паскал Сијакам.