Македонија Ѓорче Петров и Брегалница го играат веројатно и клучниот меч за настап во европските купови, денеска од 14 часот во Скопје како премиерен дуел од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Двете екипи имаат европски амбиции, а Македонија Ѓ.П. може да ги оствари и преку Купот, каде веќе е во полуфиналето.
Штипјани немаат таква можност, по елимимнацијата од Силекс во четвртфиналето, а и се во полоша позиција на табелата од денешниот домаќин, па ова им е веројатно и последниот европски воз.
Популарните Лавови од Ѓорче Петров се во извонредна серија од шест меча без пораз, не знаат за неуспех во 2022 година, а и според коефициентите во Sport Life се фаворити.
За победа на домаќинот квотата е 2.11, Брегалница да слави коефициентот е точно 3, а за реми е највисока квотата и изнесува 3.10.
Во понудата на Sport Life за овој меч има дури 536 различни игри, што е предизвик за добрите познавачи на мак-фудбалот да стасаат до добивки.