6806 Катар – Сенегал (14 ч.)
По мечевите во првото коло, впечаток е дека домаќинот Катар има најслаб тим во оваа група. Сепак, домашниот терен треба да е мотив да покажат дека може да одиграат многу подобро од тоа против Еквадор во првото коло.
Сенегал во последните минути од дуелот со Холандија прими два гола и загуби, па сега најдобриот тим од Африка ќе атакува на првите бодови во групата. Факт е дека африканските репрезентации често играат дефанзивно и ова треба да е дуел со малку погодоци. Сенегал на последните пет меча игра со 0-2 погодоци, а Катар на четири од последните пет меча одиграл со не повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 0-2 (1.65)
6807 Холандија – Еквадор (17 ч.)
Двете селекции одлично го почнаа Мундијалот и веќе имаат по три бода. Холандија е апсолутен фаворит за првото место во оваа група, па Лалињата сигурно ќе атакуваат и против Еквадор.
Еквадор е селекција која на 13 од последните 14 средби кои ги одигра биле со 0-2 голови, па и ова може да биде „тврд“ меч со многу калкулации.
Предлог тип: 1X&0-3 (1.58)
6808 Англија – САД (20 ч.)
Застрашувачки делуваше Англија во првиот меч против Иран, кога Гордиот Албион постигна дури шест гола, а прими два погодоци, со што тоа беше најефикасниот дуел во првото коло од Мундијалот во Катар.
Американците одиграа само 1:1 против Велс и реално сега би било успех ако повторно ремизираат. САД има една победа над Англија, и тоа било дури пред 72 години.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
1581 Шлорака – Паралимни (18 ч.)
Меч од најсилното натпреварување во Кипар, и тоа на две екипи кои се кандидати за испаѓање. Шлорака е убедливо најслаб тим само со четири бода од 11 кола. Домаќинот има дури седум порази по ред, па би било успех ако ја прекине оваа негативна низа.
Паралимни е тим со слаба одбрана и лош напад, па едноставно денеска тој тим што помалку ќе греши има поголема шанса да се радува.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.99)
2831 Порто – Мафра (21:45 ч.)
Дуел од Лига Купот на Португалија и без разлика на тоа што Порто игра без сите оние играчи кои имаат репрезентативни обврски на Мундијалот во Катар, јасно е кој е голем фаворит за победа.
Само пред две недели овие екипи играа и во Купот, кога Порто на гости победи со 3:0, а сега игра дома, па второлигашот едноставно нема шанси.
Предлог тип: Т1 4+ (2.35)