Во хаосот во Аргентина, дедо починал од мака бидејќи го загубил внукот во толпата

Фудбалскиот хорор во Аргентина што се случи утринава однесе една човечка жртва, Цезар Рекуеиро кој починал на пат кон болница, но смртта не настанала поради задушување како што првично објавија аргентинските медиуми.

Новинарот на Марка, Хуан Кастро кој го следел натпреварот во Ла Плата меѓу Гимназија Есгрима и Бока јуниорс, открива како дошло до смртта на Цезар Рекуеиро.

„Според првичните верзии, човекот во целиот тој хаос го загубил внукот од вид што предизвикало инфаркт. Тој бил дедо на 57 години. Освен тоа, осум навивачи завршија во болница со полесни повреди, поголем дел од нив поради вдишување на солзавец“, рече Кастро.

Хаосот на стадионот „Дел Боске“ во Ла Плата настанал кога полицијата употреби солзавец за да спречи хаос пред портите бидејќи имало премногу домашни навивачи.

„Лесно можеше да се случи едно или повеќе стампеда од луѓе и бројот на жртви да биде многу поголема. Фала му на Бога што многу луѓе беа разумни и трчаа во паника“, додаде Кастро.

- Оглас -

Најнови вести